Мареј ќе игра во двојки во Квинс, но не знае кога ќе се врати во сингл конкуренција

Британецот Енди Мареј повторно ќе се врати на тениските терени во текот на оваа недела. Tој ќе настапи во двојки на турнирот во Квинс покрај Шпанецот Фелициjaно Лопез. Ова не значи дека веднаш ќе се врати во конкуренција на сингл, бидејќи сака да биде внимателен кога ќе ја донесе таа одлука.

На крајот од учеството во Австралија опен, 32-годишникот од Глазгов изјави дека заминува во пензија. Причината беше неговата тешка повреда на колкот која ја отстрани со помош на операција.

Сега повторно се враќа во натпреварувачка форма и би можел да ги израдува фановите со учество на својот омилен турнир, Вимблдон.

Турнирот во Квинс ќе започне денес и ќе заврши со финалето в недела. Титулата од минатата сезона ќе ја брани хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.