Мареј го заборави Федерер: Битката за „најголемиот“ ќе биде меѓу Новак и Рафа

Рафа Новак

Енди Мареј е еден од ретките тенисери кои освоиле Грен слем титула во ерата на „големата тројка“ сочинета од Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Британецот секогаш бил веднаш за најдобрите тројца тенисери на светот, а сега зборуваше за титулата „најдобар играч на сите времиња“. За чудо на тениските фанови, тој заборави на Федерер и рече дека одлуката ќе падне меѓу Новак и Рафа.

„Ако останат здрави и во исто време се пензионираат, мислам дека дебатата ќе биде помеѓу Рафа и Новак“, вели британскиот ас.

Швајцарецот и натаму стои највисоко, заедно со Надал, кога се во прашање Грен слем трофеите. Двајцата имаат по 20, а српскиот тенисер заостанува и го следи нивниот чекор со 17 титули.