Мал пад за Ивановски и Србљак на АТП листата

Со истиот број поени од минатата недела македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак имаат мала промена на АТП листата, пад за неколку места. Ивановски е на 330. место (пад две позиции) со 160 поени, додека Србљак е на 1.100. место (пад осум позиции) со 9 поени. Обрад Марковски пак не успеа да ги одбрани поените и откако остана со 4 поени (два помалку) забележа пад од 169 места и сега се наоѓа на 1.382. место.

Во конкуренција на двојки Ивановски со 79 поени е на 631. место (скок за четири позиции). Марковски и тука има пад од 81 место и со 21 поен (четири помалку) се наоѓа на 1219. место. Берк Бугариќ е пласиран на 1.339. место со 16 поени (пад за девете позиции), додека Елдин Хусеиновиќ е на 2.048. место со 3 поени (пад за 13 места).

Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Калин Ивановски на фјучрс во Сетубал, Португалија, Горазд Србљак, Обрад Марковски и Шендрит Деари се на фјучрсот во Србија, со тоа што Марковски и Деари се дел од квалификациите.