Македонија врза два неуспеси од Луксембург и со пораз го отвори Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Македонија со пораз го започна Дејвис Купот, група 3 во Црна Гора. Иако во првиот меч против Луксембург, младиот Калин Ивановски извојува херојска победа над подобро рангираниот Родиш, во следните два нашите момци немаа сили за надигрување и победата му ја препуштија ја противникот.

Во вториот дуел против луксембуршките тенисери Горазд Србљак беше надигран од Кнаф со 7-6/5 и 7-5, а клучниот пораз го запишавме во двојки, откако Марковски и Бугариќ загубија од Кнаф и Родеш во сетови 0-2, па така Луксембург извојува победа над Македонија со 2-1.

Следни противници на нашите тенисер во Црна Гора ќе бидат селекциите на Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Молдавија и Црна Гора.