Македонија повторно домаќин на тенискиот „Били Џин Кинг Куп“

Скопје и Македонија повторно ќе бидат домаќини на „Били Џин Кинг Купот“ кој ќе се игра за време на летниот период во оваа година.

Во периодот од 3 до 8 јули, на терените на Тенискиот клуб „Југ“, ќе излезат нашите најдобри тенисерки кои ќе се борат за промоција во погорната група од Третата Евроафриканска Зона.

Покрај Македонија, во третата зона играат уште Албанија, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Финска, Исланд, Луксембург, Црна Гора, Молдавија и Сан Марино.

Турнирот се игра на земјена подлога, а наскоро ќе биде одржана ждрепката по која ќе бидат поделени групите. Најдобриот на крајот на „Били Џин Кинг Купот“ добива промоција.