Македонија не е во плановите на Ѓоковиќ за балканската турнеја

Новак Ѓоковиќ турнеја

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе организира тениска турнеја на Балканот, која ќе започне на 13 јуни и ќе заврши на 5 јули.

Натпреварите ќе започнат во Белград, а ќе завршат во Сараево, каде првиот светски ас ќе одигра егзибиција против Босанецот Дамир Џумхур.

Измеѓу, планирани се настани во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Останати учесници ќе бидат Григор Димитров, Марин Чилиќ, Борна Чориќ и Доминик Тием.

Организаторите на овој егзибициски проект не ја затвораат вратата на можноста да има навивачи на трибините.

Тениските турнири застанаа во март, кога започна пандемијата со коронавирус во Европа. Двата Грен слеми, Вимблдом и Ролан Гарос, беа откажани, а вториот од нив би можел да се одржи наесен.