• Саше Љолес
Полската тенисерка Маја Хвалинска приреди уште една сензација и се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако во полуфиналниот натпревар ја надигра Русинката Дијана Шнајдер со конечни 2-0, по сетови 7-6/4 и 6-4.
Хвалинска, која е 114. тенисерка на ВТА листата, беше аутсајдер и во оваа пресметка со Шнајдер, но повторно блесна во голем сјај и приреди огромно изненадување на францускиот Грен-Слем.
Шнајдер важеше за голем фаворит, особено по елиминацијата на Арина Сабаленка, но Хвалинска повторно прикажа извонреден тенис и ја заврши работата за два часа и седум минути.
Во големото финале, противничка ќе ѝ биде Русинката Мира Андреева, која претходно беше подобра од Украинката Марта Костјук, исто така со 2-0 во сетови. Мечот за титулата во женска конкуренција ќе се одигра на шести јуни, со почеток во 15:00 часот.




