Магдалена Стоилковска во главната фаза во португалска Лусада

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска имаше успешни квалификации на ИТФ-фјучрс турирот кој се игра во Лусада, Португалија.

Нашата тенисерка која има 25 години победи во два квалификациски меча. Прво беше подобра од Елизабет Јурна од Естонија (7-6, 6-2), а потоа успеа да слави над руската колешка Нина Рудиукова исто така со 2-0 во сетови (7-6, 6-4).

Првиот меч во главната фаза Стоилковска ќе го игра против Ксенија Јерш од Белорусија.