Магдалена Стоилковска ги заврши настапите во Лусада

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска ги заврши настапите на ИТФ-фјучрс турнирот во Лусада, Португалија, уште во првата фаза.

Македонката која е 1262. рангирана на ВТА-листата загуби од Ксенија Јерш од Белорусија, која беше подобра со 2-0 во сетови (6-2, 6-0). Во првиот сет Стоилковска успеа да освои два гема, меѓутоа во вториот беше целосно надиграна.

Магдалена Стоилковска до главната фаза на турнирот во Португалија влезе преку квалификациите, во кои забележа две победи.