Лондонскиот Мастерс последен пат во „О2“, Ноле и Надал фаворити за круната

Завршниот тениски АТП-мастерс турнир во Лондон во „О2“ Арената ќе стартува в недела и за последен пат овој настан ќе се игра во оваа сала.

Веќе се познати и групите за натпреварувачите, а фаворити за титулата се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Бранителот на титулата Стефанос Циципас се најде во група заедно со Рафаел Надал, Доминик Тием и дебитантот Андреј Рубљов, додека светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, ќе игра во другата група со Данил Медведев, Александар Зверев и Диего Шварцман.

Следен домаќин на завршниот АТП-турнир ќе биде Торино и местото на одигрување за првпат ќе се промени по 2009 година. Турнирот е вреден 5,7 милиони долари, а стартува в недела.