• Мартин Танасковски

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дојде до нова победа со која се пласира во третото коло на ИТФ-фјучрс турнирот кој се игра во Оточец, Словенија.
Ѓорческа во натпреварот ја победи Пиа Ловриќ од Словенија, која ја доби со 2-0 во сетови. Мечот кој траеше час и 30 минути заврши со резултат 6-4, 6-4.
Тетовчанката е седма носителка на овој турнир, а во следната рунда ќе игра со Ламенс од Холандија или Танасие од Романија.