• Саше Љолес
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не запира со добрите игри на турнирот во Куршумлиска Бања и успеа да се пласира меѓу четирите најдобри. Тетовчанката во четвртфиналето славеше со 2-0 над Французинката Лоа Буасон, по сетови 7-5, 7-6/3.
Лина одигра одличен натпревар и успеа да „спаси“ дури три четири сет-топки на нејзината противничка. Во првиот сет, Ѓорческа имаше водство од 3-1 и 4-2, но Буасон направи серија од четири гема и поведе со 5-4. Сепак, нашата тенисерка успеа да се врати и го освои сетот со 7-5.
Во вториот сет Македонката имаше негатива од 5-2, но и тука успеа да направи „кам-бек“, кој на крајот го одведе сетот во тај-брејк. Нашата Лина беше поумешна во завршните моменти и сосема заслужено се најде во полуфиналето на турнирот вреден 40.000 долари.
Во натпреварот за пласман во големото финале, Лина Ѓорческа ќе се сретне со словачката претставничка, Доминика Салкова, која има 19 години и се наоѓа на 352. место на ВТА-листата.