• Мартин Танасковски

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пријави за ИТФ-фјучрсот во Марибор кој ќе се игра во последната седмица на овој месец.
Тетовчанката ќе игра во квалификациите на силниот турнир кој се игра на тврда подлога, а вреди 40.000 долари. Турнирот стартува на 20 март, а Ѓорческа засега е четврта според ранкингот кај квалификантките.
Во главната фаза, тринаесет тенисерки се од ТОП-200 во женскиот тенис. Првата носителка е Осеан Додин од Франција, 101. рангирана на ВТА-листата.