Лина Ѓорческа во Хамбург ќе го има првиот настап во 2021 година

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го закажа „дебито“ во белиот спорт во 2021 година и ќе настапи на ИТФ-фјучрс турнир кој ќе се игра во Хамбург, Германија.

Ѓорческа, која се наоѓа на 348 позиција на ВТА-листата, се пријави на турнирот во Хамбург и ќе тргне во квалификациите.

Македонката ја чекаат натпревари, за влез во главната фаза, а според пријавените засега таа е деветта според ранкингот меѓу квалификантките, ама најдобра според ИТФ-ранкингот.

Квалификациите ќе се играат на 10 јануари, додека главната фаза стартува на 12 јануари.