Лина Ѓорческа во главната фаза на фјучрсот во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра директно во главната фаза на ИТФ-фјучрсот во Мадрид вреден 25.000 долари.

Тетовчанката се пријави на настанот во Шпанија и поради рејтингот ќе ги скокне квалификациите. Македонката се најде во главната фаза и е во првата рунда, а чека ривалка која ќе дојде од квалификациската фаза.

Ѓорческа својот прв натпревар се очекува да го игра во текот на утрешниот ден. Македонката ќе игра и во двојки каде е прва носителка за титулата. Партнерка ќе ѝ биде Лаура Пигоси од Бразил и во првото коло играат со Лаура Марти (Шпанија) и Мариа Наваро (Мексико).