Лина Ѓорческа триумфално го започна турнирот во Австрија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со триумф стартуваше на фјучрс турнирот што се игра во Виена, Австрија. Тетовчанката во првото коло ја совлада домашната претставничка Алина Михалич со 2-0, по сетови 6-2 и 6-2. 

Во првиот сет Ѓорческа направи серија од пет освоени гемови и ја најави победата, а во вториот сет нашата тенисерка се „одлепи“ при резултат 2-2 во гемови и со нова серија од четири гема, успеа да го завери триумфот. 

Во следното коло Лина Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот помеѓу Арабела Колер од Австрија и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.