• Иван Димовски
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна ИТФ фјучрсот во Трнава што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Тетовчанката ја совлада Урсула Радванска со 2-0 (6-3, 6-2), за успешен старт на турнирот и пласман во втората рунда.
Во првиот сет македонската тенисерка на почетокот направи предност од два гема (3-1 и 4-2), за потоа сетот да го заврши со 6-3. Во вториот сет Радванска поведе со 2-1 во гемови, на што следуваше серија од пет гема за македонската тенисерка која сетот го заврши со 6-2.
Во втората рунда на турнирот во Трнава, Ѓорческа ќе се судри со подобрата од дуелот на Еала Александра и Ана Бондар.