Лина Ѓорческа со пресврт-победа до чевртфинале на фјучрсот во Италија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се избори за пласман во четвртфиналето на силниот фјучрс кој се игра во Селва Гардена, откако славеше во второто коло над осмата носителка, Армани Бенкс од Велика Британија со конечни 2-1, по сетови 5-7, 6-3 и 6-2. 

Македонката успеа со пресврт да ја надигра противничката и стигна до пласман меѓу осумте најдобри на турнирот вреден 40.000 американски долари. Нашата Лина ја заврши работата за 146 минути и го комплетираше триумфот во кој имаше двојно повеќе освоени гемови на свој сервис. 

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се соочи со 16-годишната квалификантка Тајра Катерина Грант, која направи изненадување и со 2-1 во сетови ја елиминираше првата носителка, Катинка Фон Дајхман.