Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале во Куршумлиска Бања

Лина Ѓорческа продолжува со добрите настапи и успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот кој се одржува во Куршумлиска Бања, Србија. 

Македонката успеа да слави во дуелот против домашната претставничка, Миа Ристиќ. Ѓорческа го доби мечот со 2-1, по сетови 3-6, 6-2 и 6-3. Фјучрс-турнирот во Куршумлиска Бања се игра за награден фонд од 40.000 долари. 

Во мечот за пласман меѓу четирите најдобри, нашата Лина ќе се сретне со француската тенисерка, Лоис Боасон, која е 427. тенисерка на ВТА листата.