• Саше Љолес

Нашата најдобра тенисерка имаше неуспешен настап на силниот турнир што се игра за награден фонд од 60.000 долари, а се одржува во Астана, Казахстан.
28-годишната тетовчанка на тврда подлога загуби од Узбекистанката Абдураимова во три сета (2-6, 6-2, 4-6) и на теренот помина нешто повеќе од час и половина.
Интересно е што на овој турнир учестуваа десет тенисерки со висок рејтинг, од 100. до 200. место на ВТА листата.