Лина Ѓорческа падна на втората квалификациска пречка во Хамбург

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши настапите на ИТФ-фјучрс турнирот во Хамбург, Германија, со пораз во второто квалификациско коло.

По стартната победа, нашата најдобра тенисерка се сопна на втората пречка и загуби од Ела Шајдел од Германија, со 0-2 во сетови (4-6, 6-7).

Така, Шајдел ќе патува во главната рунда на турнирот, додека Ѓорческа ќе мора да се насочи кон другите предизвици, иако беше трета носителка во квалификациите и важеше за една од фаворитките за влез на турнирот.

26-годишната тетовчанка се наоѓа на 349. место на ВТА-листата.