Лина Ѓорческа одигра само четири гема со Херџелаш од БиХ

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е во четвртфиналето на турнирот во Хераклион, Грција, втор за неа во овој град во овој месец.

Најдобрата наша претставничка во „белиот спорт“ ја мина Деа Херџелаш од БиХ, по само четири гема игра. Осмата носителка на турнирот имаше предност од 4-0, а противничката мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со Херман од Германија или Рочети од Италија.