• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, тренира да се врати во ритам и според она што го објавува на социјалните мрежи, се подготвува за првиот престижен турнир во новата сезона.
Тетовчанката на „Инстаграм“ објави тренинг со топчиња од првиот Грен Слем турнир во новата сезона, Австралијан Опен, со што индиректно го најави настапот во квалификациите каде игра секоја сезона.
Ѓорческа досега настапи на сите турнири во Грен Слем квалификациите, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година баш во Мелбурн, каде дојде до третото квалификациско коло, откако ги мина Американката Сахија Викери, а потоа и Унгарката Далма Гаифи. Пред главниот ждреб, таа испадна од Стефани Вогел од Швајцарија.
