Лина Ѓорческа ги заврши настапите во Мадрид

Лина Ѓорческа Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа брзо ги заврши настапите на ИТФ-фјучрсот кој се игра во Мадрид, Шпанија.

Ѓорческа падна во второто коло, во кое со 0-2 во сетови (1-6, 4-6) загуби од Андреа Гарсија Лазаро од Шпанија. Домашната тенисерка која важи за петта носителка беше одлична на теренот, па Македонката немаше шанси да ѝ парира.

Лина Ѓорческа пред елиминацијата одигра еден натпревар во Мадрид. Во двојки не настапи, поради несреќна повреда на нејзината партнерка. А, таму, беше прва носителка.