Лесни задачи и трето коло на Ролан Гарос за Швјонтек и Бенчиќ

Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ обезбедија пласман во третото коло на Ролан Гарос. Полската тенисерка ја елиминираше Сара Белјек од Чешка со сигурни 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. 

Мечот траеше нешто помалку од час и половина, сосема доволно за третата светска тенисерка да ја оправда фаворитската улога. Во следната рунда, Швјонтек ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Јелена Остапенко и Магда Линет. 

Што се однесува до Бенчиќ, таа беше подобра од Американката Кети Мекнил, исто така со 2-0, по сетови 6-4 и 6-0. 

Швајцарската тенисерка ќе се подготвува за меч против победничката од дуелот помеѓу Пејтон Стернс и Дарија Снигур. 

Најнови вести од
Ролан Гарос (Ж), WTA Singles