• Саше Љолес

Арина Сабаленка со убедлива победа го започна настапот на турнирот во Пекинг, откако за само 62 минути ја совлада Мексиканката Рената Сарасуа со 6-1, 6-3.
Белорусинката од самиот почеток воспостави контрола врз мечот, а нејзиниот сервис беше особено ефикасен. Сабаленка реализираше 11 асови и со по еден клучен брејк во двата сета без поголеми проблеми стигна до триумф.
Сарасуа, која се наоѓа на 94. место на ВТА-листата, во вториот сет успеа да пружи нешто поголем отпор, но Сабаленка повторно го пронајде вистинскиот момент за одземање на сервисот и без загубен сет обезбеди место во третото коло.
Пласман во следната рунда обезбеди и Наоми Осака, која по голема борба ја совлада Марија Тимофеева со 6-3, 3-6, 6-3. Четирикратната Грен слем шампионка во третото коло ќе игра против Чехинката Сара Бејлек.
Мира Андреева, пак, мораше да направи целосен пресврт против домашната тенисерка Хуан Јуе. Русинката го загуби првиот сет со 3-6, но потоа освои 12 гема во низа и со два последователни сета без загубен гем стигна до победа од 3-6, 6-0, 6-0. Нејзина следна противничка ќе биде Полина Кудерметова.
Во следната рунда се пласираше и Линда Носкова. Чехинката, која минатата година играше во финалето во Пекинг, убедливо ја совлада Елена Габриела Русе со 6-4, 6-1. За место во наредното коло ќе игра против Швајцарката Викторија Голубиќ.
