• Горан Упале

Новак Ѓоковиќ е чудо, чудо како одење на Месечината или ремек дело на француската литература. Тоа го кажува денешната насловна страница на „Л’Екип“.
На насловната страница на елитниот француски медиум „De La Terre, A La Lunne“, а меѓу два блока текст е Новак Ѓоковиќ како лежи на париската глина по освојувањето на Ролан Гарос!
Ова е јасна референца на романот на Жил Верн од 1865 година „Од земјата до месечината“, третиот роман на фантастичниот француски писател. Оваа книга е трет објавен роман на Верн и ја раскажува приказната за луѓето од клуб за оружје во Балтимор, кои се обидуваат да изградат топ „Колумбијада“, за да испратат тројца мажи во вселената. Пресметките на Жил Верн за силата потребна за лансирање човек во вселената од 1865 година подоцна се покажаа како сосема точни, а речиси век и половина подоцна овој голем роман послужи како одлична метафора за успехот на Ѓоковиќ.
Djokovic: 'From the Earth to the Moon'
The cover of tomorrow's L'Équipe, inspired from the 1865 novel by Jules Verne pic.twitter.com/qOnoUshoVV
— Bastien Fachan (@BastienFachan) June 11, 2023
Како што хероите од романот се обидоа да се лансираат во вселената за 97 часа и 30 минути, така и Новак Ѓоковиќ успеа да се лансира во историјата на тенисот.
„Сега тој е најдобриот тенисер досега по бројот на освоени Грен слем турнии и по бројот на недели на врвот на АТП листата, но моментално е и прв на АТП листата. Нему му нема рамен, а можеме само да нагаѓаме до кои височини ќе биде лансиран во иднина. Како патувањето на Жил Верн на Месечината во 1865 година“, се вели во објавата на францускиот медиум.
По доделувањето на историскиот пехар, Ѓоковиќ им порача на организаторите и на публиката на Ролан Гарос дека „ќе се видат и следната година“.