• Саше Љолес
Традиционалниот „Лејвер Куп“ следната година официјално ќе се одржи во Сан Франциско, поточно во салата на Голден Стејт Вориорс, а ќе трае од 19 до 21 септември, објавија организаторите.
Ова ќе биде нов дуел помеѓу репрезентациите на Европа и Светот, па се очекува присуство на големи тениски ѕвезди кои сигурно ќе предизвикаат огромен интерес во јавноста. Еден од промотерите на овој настан е славниот Роџер Федерер, кој го најави турнирот и рече дека „ова е супер можност да видиме како големите ривали барем накратко стануваат соиграчи“.
Оваа година „Лејвер Купот“ ќе се одржи во Берлин, а терминот е во периодот меѓу 20 и 22 септември. Титулата ја брани репрезентацијата на Светот, за која настапуваат Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Францес Тиафо, Франциско Черундоло, Томи Пол и Феликс Оже-Алијасим.