Легендарниот Роџер Федерер се враќа на турнирот кој го освои петпати во низа!

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, ќе настапи на егзибицискиот турнир на овогодинешното издание на УС Опен, со што се враќа на турнирот каде оствари големи успеси во својата кариера. 

Организаторите соопштија дека славниот тенисер ќе настапи на 25 август и ќе учествува во програмата „Роџер Федерер - Иконата се враќа во Њујорк“, а заедно со него ќе се појават уште Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси. 

Федерер е единствен тенисер во историјата кој го освојуваше УС Опен петпати во низа, прикажувајќи целосна доминација во периодот меѓу 2004 и 2008 година. Во текот на својата блескава кариера, освои дваесет Грен слем трофеи и важи за еден од најдобрите тенисери во историјата.