Легендарната Венус Вилијамс освои сет, но загуби во првото коло на УС Опен

Легендарната Венус Вилијамс загуби во првото коло на Отвореното првенство на Сoединетите Американски Држави, откако беше поразена од Каролина Мучова, која по два часа игра славеше со 2-1 во сетови (6-3, 2-6, 6-1).

45-годишната американска тенисерка, која е миленичка на домашната публика, успеа да се врати од дефицит во сетови, но во решавачкиот немаше сила за понеизвесна борба.

Мучова отвори сигурно и со 6-3 поведе во сетови. Но, ветеранката не се предаде и на задоволство на сите на трибините одигра сет како во најдобрите денови. На противничката ѝ препушти само два гема и израмни на 1-1. Сепак, кога се кршеше резултатот, Венус Вилијамс попушти и го заврши својот настап на УС Опен.