Квери му зеде мера и на Надал за титула во Акапулко

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, не успеа да стигне до првиот трофеј оваа сезоната, откако, иако беше голем фаворит во дуелот со Сем Квери забележа убедлив пораз од 2-0 (3-6, 6-7/3).

Рафа одигра перфектен турнир во Акапулко, по елиминацијата на Ѓоковиќ се чинеше дека токму тој ќе биде победник, но во клучните моменти потфрли и немаше завршни сили да го совлада расположениот Американец. На 40. тенисер на АТП листата му беше потребен само еден брејк за да стигне до оваа голема победа и прв трофеј сезоната. Во првиот сет одлучувачки беше осмиот гем, кога Квери го освои сервисот на Надал и поведе со 1-0, додека вториот сет го доби дури во тај-брејкот и тоа откако Надал ги загуби двата последни сервиси. 

Оваа сезона Надал има одиграно две финалиња, а и во двете не успеа да забележи триумф, откако во историското финале против Федерер на Австралија Опен загуби по тешка борба во пет сета.