Куертен: Ѓоковиќ може да го надмине Федерер!

Трикратниот Грен слем шампион, Густаво Куертен смета дека пред Новак Ѓоковиќ има уште шест години, во кои Србинот ќе има можност за освојување на Грен слем титули.

Ѓоковиќ неодамна го освои својот четврти Грен слем на Вимблдон, а негов 13. во кариерата, па сега е на седум од рекордните 20 трофеи на Роџер Федерер.

„Новак се враќа во својата најдобра форма. Со 13 трофеи е блиску до Рафаел Надал. Ако продолжи да напредува, пред него има уште шест години во кои ќе може да освојува титули. Можеби на крајот и ќе успее да го надмине Федерер'", изјави Куертен.

Ѓоковиќ има 31 година, а по шест ќе има 37 години, колку што моментално има и Швајцарецот.