Критики до Алкараз: Тоа што го направи во финалето на Вимблдон е неприфатливо!

Карлос Алкараз го загуби финалето на Вимблдон од Јаник Синер (3-1), со што му го предаде тронот на Италијанецот. Критики на адреса на шпанскиот тенисер пристигнаа од легендата Џими Конорс. Тој во својот поткаст зборуваше за одиграното финале и смета дека Алкараз прелесно се предал.

„По мое мислење, неговиот пристап беше целосно неприфатлив. Не смееше да се однесува така. Константно се жалеше кон својот тим и покажа слабост која не му беше потребно да ја покаже. Требаше да се обиде да пронајде ново решение и да направи нешто поинаку, само така имаше шанса да се врати. Ако план А не функционира, мораш да смислиш нешто друго. Се случува да си во проблем во финалињата, ама тој прелесно се откажа“, изјави Конорс.

Поразот за Алкараз е поголем ако се знае дека тој три години не знаеше за неуспех на овој терен, а поведе и со 6-4 по првиот сет.

ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter