• Саше Љолес
Барбора Крејчикова стигна до сензационален триумф на Вимблдон и стана една од ретките тенисерки која триумфирала и во сингл и во дубл-конкуренцијата, а по мечот изјави дека е пресреќна од големиот успех, но упати и големи пофалби за нејзината ривалка во финалето, Јасмин Паолини.
„Ова беше исклучително тежок меч, со противничка која точно знаеше што сака. Паолини е на одличен пат и мислам дека пред неа е блескава кариера. Јас бев фокусирана и бев убедена дека можам да стигнам до триумфот, но патот дотука не беше лесен. Ова за мене е остварување на уште еден голем сон.
Имав моменти кога паѓаше концентрацијата, особено во првиот сет. Знаев дека морам да го кренам нивото и потоа работите се одвиваа според планот. На крајот имаше неизвесност, но многу сум среќна што овој меч заврши со позитивен епилог за мене“, рече победничката на Вимблдон.
За Крејчикова ова е втор трофеј од најспрестижните турнири, откако претходно триумфираше на Ролан Гарос во 2021 година.