ВИДЕО: Крај за Карловиќ, Монфилс го демолира Колшрајбер

Искусниот хрватски тенисер, Иво Карловиќ ги заврши своите настапи во Индијан Велс, откако беше поразен од Доминик Тием со 2-0 (6-4, 6-3) за 59 минути игра.

Австриецот до победата стигна со по еден брејк во двата сета, за разлика од 40-годишниот Карловиќ, кој немаше ниту една брејк шанса, а со тоа и со прилика за испишување на нова историја во белиот спорт.

Противник на Тием во четвртфиналето ќе биде Гаел Монфилс, кон едноставно го демолира Филип Колшрајбер со 2-0 (6-0, 6-2). Французинот доминираше од самиот старт и не му даде шанса на Германецот, кој само еден ден претходно го елиминира Ѓоковиќ.

Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија и Рафаел Надал и Роџер Федерер, со што се комплетирани сите четвртфинални двојки.

Извештај на денот:  

Поен на денот: