Крај за француската бајка во Париз: Гоф ја „збриша“ Боасон за финале на РГ!

Коко Гоф е втората финалистка на Ролан Гарос, откако во полуфиналето беше подобра од Лоис Боасон и тоа убедливо со 2-0 (6-1, 6-2). 

Американската тенисерка за само час и 12 минути го реши мечот во своја корист, ставајќи крај на бајката на Французинката на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Боасон беше најубавата приказна на женскиот дел од турнирот, од тешка повреда минатата година и пласирана на 361. место на ВТА ранкингот стигна до полуфиналето. 

Уште од стартот Гоф тргна добро и поведе со 4-0, а потоа со третиот брејк го реши сетот со 6-1. Вториот сет беше израмнет на стартот, а потоа следуваа три брејка од кои два за Американката. Овој сет фаворитката го реши со 6-2 за крај на мечот. 

Во големото финале во Париз ривалка на Коко Гоф ќе ѝ биде Арина Сабаленка.

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter