Костјук сигурна против Кругер за прво четвртфинале на Вимблдон

Украинската тенисерка Марта Костјук обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во два сета ја совлада Американката Ешлин Кругер со 6-4, 6-4.

Тринаесеттата носителка ја оправда фаворитската улога против 102. тенисерка на ВТА-листата и по еден час и 24 минути игра го потврди пласманот меѓу осумте најдобри на престижниот Грен-слем турнир.

Костјук одигра доволно стабилно во клучните моменти, четири пати го одзеде сервисот на противничката, додека Кругер успеа да возврати со два брејка, но тоа не беше доволно за поголема драма. 

Во четвртфиналето украинската тенисерка ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Јасмин Паолини и Александра Еалa.