„Коси тато, косам јас...“: Вака Ѓоковиќ се подготвува за Синер (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ игра одлично на Вимблдон и обезбеди ново полуфинале, во кое ќе се сретне со првиот рекет на светот – Јаник Синер.

Сите за момент го задржаа здивот кога Ѓоковиќ падна пред меч-топка против Флавиус Коболи во четвртфиналето. Српскиот ас сигурно ќе мора да се подложи на дополнителни тестови еден ден пред мечот со Јаник Синер, но се чини дека не е толку загрижен за тоа.

Ѓоковиќ за дуелот со играчот број еден на АТП листата се подготвува без рекет, но со косилка во рацете. Покрај тоа си пееше: „Коси тато, косам јас...“

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Полуфиналето меѓу Синер и Ѓоковиќ е закажано за утре по 16:30 часот.