Конгресменка од САД бара „специјална дозвола од национален интерес“ за Новак Ѓоковиќ

Новак

Клаудија Тени е конгресменка од Њујорк и жена која во наредниот период ќе се бори Новак Ѓоковиќ да добие дозвола да игра на УС Опен.

Таа испратила писмо до државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, преку кое бара „специјална дозвола од национален интерес“ за српскиот тенисер. Моментално еден од најдобрите спортисти на денешницата нема „зелено светло“ за настап на последниот Грен слем турнир оваа сезона.

Конгресменката Тени во своето барање наведува дека УС Опен е витален турнир кој ги спојува спортот и меѓународната дипломатија и има големо економско влијание, бидејќи носи годишен приход од една милијарда долари.

Таа верува дека мандатот за ковид-19 кој моментално е на сила и е воспоставен од администрацијата ги дискриминира невакцинираните играчи кои се странски државјани.