• Горан Упале
Организаторите на АТП Мастерсот од 1.000 серијата во Монте Карло, кој на еден начин е почеток на сезоната земјена подлога, открија дека Новак Ѓоковиќ го потврди своето учество.
Српскиот тенисер во текот на својата кариера двапати го освои турнирот во Монте Карло, но оваа сезона не бележи резултати според очекувањата. На последниот турнир на кој настапи во Индијан Велс беше поразен уште во второто коло, од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.
Освен суспендираниот Јаник Синер, на земјена подлога во Монте Карло ќе настапат сите други најдобри тенисери, девет од првите десет.
Гркот Стефанос Циципас во последните четири години победи трипати во Монте Карло, а титулата ќе ја брани и од 6 до 13 април. Апсолутен рекордер во Монте Карло е секако недопирливиот Рафаел Надал кој единаесет пати беше најдобар на турнирот.