Комплетирани полуфиналните парови, Стрицова и Свитолина меѓу најдобрите четири

По победите на Серена Вилијамс и Симона Халеп, попладнево се одиграа вторите четвртфинални дуели на Вимблдон.

Русинката Елина Свитолина во два сета го доби мечот со чешката тенисерка Каролина Мучова и закажа полуфинале против Халеп. Првиот сет беше неизвесен и донесе борба до самиот крај, а вториот беше чиста рутина за руската натпреварувачка.

Во последниот меч, Борбора Стрицова од Чешка беше поуспешна од домашната миленичка Јоана Конта (7-6/5, 6-1).

Британската публика негодуваше на елиминацијата на нивната тенисерка, но на крај мораше да аплудира на противничката за прикажаната игра.