ВИДЕО: Комична ситуација во Рим – Гоф сервираше додека противничката менуваше рекет!

Коко Гоф ја доби драмата со Женг во три сета и се пласира во финалето на Мастерсот во Рим. Американката славеше во маратонот кој траеше повеќе од три ипол часа, но мечот во италијанската престолнина беше одбележан по еден бизарен момент во кој учествуваше тенисерката од Соединетите Американски Држави.

Имено, додека Женг замина да го промени својот рекет, Гоф сервираше и ги изненади сите присутни на трибините, но и својата противнички. Дури откако го упати сервисот, Американката сфати дека нема противник на спротивната линија и почна да се смее сама на себе.

Гоф во големото финале во Рим ќе се судри со домашната тенисерка Јасмин Паолини.