Коко Гоф преку Сабаленка до тронот во Париз и втора Грен-Слем титула!

Американката Коко Гоф ја освои втората Грен-Слем титула во кариерата, откако ја надигра Арина Сабаленка во финалето на Ролан Гарос со 2-1 во сетови (6-7/5, 6-2 и 6-4).

Првата светска тенисерка подобро започна и го освои првиот сет, но потоа Гоф заигра во исклучително силен ритам, а во прилог ѝ одеше и ветрот на централниот терен во Париз.

Вториот сет го заокружи со убедливи 6-2, а во третиот сет клучен беше седмиот гем, кога успеа да направи „брејк“ и голем исчекор кон победата. 

Сабаленка во овие моменти направи неколку грешки и полека го губеше здивот, додека Американката продолжи со експлозијата и на крајот заслужено го завери мечот за два часа и 37 минути. 

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X