• Саше Љолес
Третата тенисерка во светот, Коко Гоф, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Штутгарт, откако ја надигра Русинката Људмила Самсонова со 2-0, по сетови 7-5 и 6-1.
Американката дојде до триумфот над 21. тенисерка на ВТА листата за еден час и 36 минути, а особено беше доминантна во вториот сет, кој го доби со убедливи 6-1.
Гоф, која е двократна Грен-Слем шампионка во сингл, во следната фаза ќе се соочи со Каролина Мухова од Чешка. Пласман во четвртфиналето обезбедија уште Елена Рибакина од Казахстан, Русинката Мира Андреева и Линда Носкова од Чешка.
