• Горан Упале
Коко Гоф потешко од очекуваното обезбеди трето коло на Мастерсот во Мадрид, откако по пресврт славеше во соочувањето со Дијана Јастремска од Украина.
Американката го започна мечот очајно и го загуби сетот со нула, но успеа да го сврти и да слави со 2-1 во сетови (0-6, 6-2, 7-5).
Украинската тенисерка го доби првиот сет без многу проблеми по само 29 минути игра. Гоф направи многу грешки, а Јастремска знаеше како да ги искористи. Сепак, четвртата тенисерка во светот го подигна темпото во вториот сет и со 6-2 се врати во мечот.
Сè можеше да се случи во третиот сет. Гоф направи два брејка веднаш на почетокот, но Јастремска брзо одговори. Гоф направи уште еден брејк на 4-3, но Јастремска повторно одговори. На крајот, во серијата брејкови, Американката излезе како победничка.
Ига Швјонтек исто така се мачеше на почетокот од турнирот во Мадрид. Полската тенисерка ја победи Александра Еала со 2-1 (4-6, 6-4, 6-2). Во следната рунда, Швјонтек ќе игра против Линда Носкова.