• Мартин Танасковски
Американската тенисерка Коко Гоф си ја заврши задачата и со победа се пласира во полуфиналето на мастерс-турнирот кој се игра во Рим, Италија.
Гоф во натпреварот беше подобра од Кинвен Женг, која ја совлада со 2-0 во сетови (7-6, 6-1). Кинеската беше конкурентна само во првиот сет кој го доведе до тај-брејк, но не успеа да го добие и да тргне кон изненадување.
Првата полуфинална двојка на мастерсот во Рим ја формираат Коко Гоф и првата светска тенисерка Ига Швјонтек.