• Иван Димовски
Маја Хвалинска ја живее приказната од соништата и подемот на кариерата на Ролан Гарос каде што ќе игра финале против Мира Андреева.
Полската тенисерка, која пред турнирот беше надвор од Топ 100, стигна до финалето и за само две недели заработи повеќе отколку во целата своја досегашна кариера. Хвалинска професионалната кариера ја започна уште во 2016 година како 14-годишна девојка. За десет години во тенисот, до почетокот на овогодинешниот Ролан Гарос, таа од турнирски награди вкупно заработила 743.600 евра.
Сега со фантастичниот настап во Париз досега си обезбеди 1,4 милиони евра. Оваа парична награда може да се зголеми по финалето, бидејќи победа би ја удвоија нејзината премија.
Со успехот таа направи и огромен скок на ВТА листата, каде од 114. место сега е проектирана меѓу најдобрите 30 тенисерки во светот.
Интересно е што Хвалинска настапува без големи спонзори и користи опрема од различни брендови, но по сензационалниот резултат во Париз тоа сигурно ќе се промени. Исто така, нејзиниот престој во Франција ќе го покрие компанија од Полска, меѓутоа и таа се пријавила дури откако тенисерката почна да се пробива низ турнирот.




