Кои се најтешко освоените титули за Надал на Ролан Гарос?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал важи за „крал“ на турнирот Ролан Гарос. Некогашниот светски рекет број еден е неприкосновен на земјена подлога, а во интервју откри кои се неговите најтешко освоени титули во Париз.

„Најтешките титули на Ролан Гарос за мене се во 2011 и 2020 година, две тешки години за мене. Сезоната која ја оставаме зад нас донесе најтешки и најнеочекувани услови за игра во Париз. Тешко ми е кога треба да играм на ладно време, телото ми страда“, изјави Надал.

Рафаел Надал зад своето име има 13 Грен Слем титули на Ролан Гарос, додека на „вечната листа“ се наоѓа на делба на првото место со Роџер Федерер со по 20 освоени титули на најголемите турнири.