„Кога на турнирите ги нема Надал и Федерер, останува празнина“

Искусниот француски тенисер Ришар Гаске во повеќе наврати јавно признал дека иако се ривали, негов идол и пример е Роџер Федерер. Швајцарецот се мачи со повреди и не игра редовно тенис, а слична е ситуацијата и со Рафаел Надал. 

Гаске одново зборуваше за Федерер, со пофални зборови за него, а се осврна и на младата генерација. 

„Постојат млади момци кои играат одлично, држат добро ниво. Заслужија да пронајдат свое место. Тие се неверојатни, но Надал и Федерер се светски ѕвезди. Кога ги нема на турнирите, тоа за мене претставува огромна празнина. Федерер ќе биде незаменлив во смисла на естетика на тенисот и индивидуални квалитети. Повеќе нема да бидиме таков играч“, смета Гаске. 

Федерер и Надал се обидуваат да ги надминат повредите и да направат кам-бек на тениските терени, откако имаа година за заборав.