„Кога играш против Ѓоковиќ се чувствуваш како аматер“

Хаасе

Новак Ѓоковиќ важи за еден од најнезгодните противници во светот на тенисот, а тоа го признаваат речиси сите негови ривали. Неговата игра е перфектна, слабостите се сведени на минимум, а ако на тоа се додаде неговиот несомнен талент, тогаш мисијата да се победи Србинот е блиску до невозможна.

Големите тениски имиња секогаш зборуваат со голема почит за првиот светски рекет. Робин Хаасе, најдобриот холандски тенисер на денешницата, вели дека се чувствува како аматер кога ќе застане на спротивната страна на Ѓоковиќ.

„Најтежок противник без никаков сомнеж е Ѓоковиќ. Тој прави да се чувствувате како аматер. Против него никогаш не сум блиску да освојам сет, а против другите гиганти сум го правел тоа. Нема никаква слабост во неговата игра. Против другите понекогаш чувствувате дека можете да им нанесете штета, но против Ѓоковиќ тоа е невозможно. Немам идеја како да стекнам предност против него“, вели 33-годишникот.

Поради ваквите изјави многумина мислат дека српскиот тенисер набрзо ќе застане пред Роџер Федерер и Рафаел Надал, како најдобриот играч на сите времиња.